НА ЕДНО МЕСТО ПЕСНИТЕ ОД „КАЛИНКА И РОК ХИТОВИТЕ НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

На Градскиот плоштад во Гевгелија, вчера, четврток, 30 мај, се одржа интересен концерт, поточно два во еден концерт што би се рекло. Најнапред во 18:00 часот, пред публиката која и покрај облачното време и стравот да не заврне дожд, го исполни градскиот плоштад, настапија учесниците на Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка 2004“- Гевгелија.

Потоа, на сцената се искачија членовите на Битолскиот камерен оркестар, кои со вокалните солисти Дани Димитровска, Ружица Брчиоска (АРЕА), Јасна Димитровска, Сашо Паркет и Наде Талеска , со своите моќни гласови ги разбудија рок емоциите и ја вжештија атмосферата, со изведба на најголемите македонски рок песни.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *