НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 1943 ГОДИНА ОД СТРАНА НА БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР, БИЛЕ УБИЕНИ НАРОДНИТЕ ХЕРОИ МИРЧЕ АЦЕВ И СТРАШО ПИНЏУР.

Во Скопје, по повеќедневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го убила Страшо Пинџур, народен херој на Македонија. Бил член на КПЈ од 1934 година. Роден бил во селото Ваташа, Кавадаречко, на 5 март 1915 година.
Истиот ден, исто во Скопје, по петдневно ѕверско мачење, бугарската фашистичка полиција го фрлила низ прозорец Мирче Ацев, народен херој на Македонија.

 Правиот батаљон на Народноослободителната војска на Македонија го добил неговото име. Бил член на Покраинскиот комитет на КПЈ на Македонија од 1941 година и член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Роден е во селото Ореовец, Прилепско, на 26 септември 1915 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *