На денешен ден, 2003 година, во Скопје почина Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите актери во Македонија, најзапаметен по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, селанец, па дури и како Господ. Роден е во Богданци на 26 февруари 1948 година. Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1974). Од 1975 година работи во Драмата на Македонскиот народен театар.
Освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени низ Македонија. Учествувал во телевизиски серии и играни филмови.
Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот. .
Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците)
На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија „Македонски приказни“, за која, од 1984 г. имал снимено 300 епизоди. Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил од 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.[1]
Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.
Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кој Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студент
На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија Македонски приказни, за која, од 1984 година до денес, има снимено 300 епизоди.