Големиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот, роден е пред 2.376 години, на 22 јули 356 година пред новата ера во Македонската престолнина Пела. Тој е една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник, кој од малечката Македонија создал светска сила. Според разни извори има различни датуми, како за раѓањето, така и за неговата смрт.
Со неговите 33 години живот остави длабоки траги во историјата на човековата цивилизација. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години помина 18.000 километри, создаде Империја каква што до ден денешен не постоела во пространство, ниту пред него, ниту по него.
Великиот Цар Александар Трети Македонски, Крал на Македонија и Хегемон на Елините, Крал на Вавилон и Фараон на Египет, Цар на Персија и Крал на Ариевците, е најголемиот император во светската историја!
Тој е единствениот војсководец на сите времиња, кој своите војски – непобедливите фаланги, ги подигна во невиден воено-научен истражувачки поход. Иако сакал да го открие почетокот на раѓањето на сонцето, а со тоа и почетокот на светот, секаде каде што поминал истражувал, проучувал, градел и носел напредок. На моменти со сила, на моменти со сесрдно прифаќање од оние кои сакале и успеале да погледнат подалеку во иднината.
Великиот Цар Александар Трети Македонски најмногу од се’ сакал да се одликува со севкупното знаење, а не со власта која му припаѓала. Со себе го донел најголемиот процут на науката, просветата, културата и слободоумна мисла. Иако неговиот живот траел околу 33 години, а неговото владеење помалку од 14 години, оставил огромно наследство во целиот прогресивен свет, поради што многу други светски императори го имитирале. Неговите воени стратегии и потфати и денес се темел на изучување на светската воена доктрина, неговите истражувања во сите науки се база на научната мисла воопшто, неговото сфаќање за духовната сила и моќта на самосвесноста на секој човек се основа за сите денешни религии, а најмногу од се’, неговиот поглед на микро и макро космосот е фундаментот на човечки подадената рака кон секој кој ја сака и почитува планетата Земја.
Следбеник на Херакле и Ахил во силата и храброста, поклоник на Зевс и Амон во верата и љубовта, жртвеник на Ад и Селена во издржливоста и истрајноста, веселник на Дионис и Баху во хармонијата на звукот, поет на Хомер во топлината на зборот, тој бил и ќе остане симбол на човековата возвишена светост.
Тој го отвори патот на новата цивилизација и од потопот остави само бледо сеќавање за она што значи неукост и дивјаштво, за да го одбележи почетокот на новото раѓање, на новиот милениум. Именуван да биде бранител на човековиот род пред нескротливата природа, до денес остана неповторлив патоказ за сите, свртени кон сонцето и храбри како лав, кои најмногу од се’ ја почитуваат вистината.
Упокоен е на 10 спроти 11 јуни 323 година пред новата ера, во Вавилон. Неговата гробница е енигма до денес, повод е на бројни преданија и локации. Македонците веруваат дека Царот над царевите е погребан во Вардарскиот дел на Македонија, како и неговиот татко Великиот Цар Филип Втори Македонски.