Поминаа точно две години од првиот регистриран случај на Ковид-19 во Гевгелија.Докторот, специјалист, епидемиолог Сашко Олумчев, тој ден, на 29 март 2020 година на својот ФБ профил ја даде следната информација:
„Денес на 29.03.2020 година е регистриран првиот случај на заболен од COVID 19 во Гевгелија. Случајот е официјално потврден од лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје во Скопје.
Веднаш е постапено согласно алгоритмите пропишани од СЗО за дефиниција на случај. Лицето е веднаш контактирано и е веднаш ставено во домашен карантин заедно со членовите на семејството со кои живее во заедница. Во моментот се врши епидемиолошко истражување со цел изнаогање на сите лица кои биле во близок контакт со заболеното лице.
Направена е епидемиолошки анкета на лицето и на најблиското семејство со цел лоцирање на изворот на заразата. Ќе се тестираат членовите најблиското семејство. Во мегувреме ќе се трага по лицата кои оствариле близок контакт со заболеното лице со цел да се направат епидемиолошки анкети за ризикот од можна инфекција. Ќе бидат евидентирани сите контакти и ќе се направи исцрпна анализа за можните ризици од ширење на инфекцијата со цел превземање на промптни мерки за пресекување на сите можни синџири на заразата.Се молат граганите на останат смирени и да имаат доверба во системот.“