НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1945 ГОДИНА ОЗАКОНЕТ Е ПРАВОПИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини.
По кодификацијата (озаконувањето) на јазикот, Блаже Конески продолжува со својата работа врз дефинитивната стандардизација (нормирање) на македонскиот јазик. Тој ги напишал: Правописот, Граматиката, Историјата и Речникот на македонскиот јазик, како и голем број други научни студии поврзани со јазикот.