НА 25 СЕПТЕМВРИ 1903 ГОДИНА ЧЕТИТЕ НА ВОЈВОДИТЕ АПОСТОЛ ПЕТКОВ И ИВАН КАРАСУЛИЈАТА НА ПАЈАК ПЛАНИНА НАНЕЛЕ ТЕШКИ ЗАГУБИ НА ОСМАНЛИСКАТА ВОЈСКА.

На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, четите на македонските војводи Апостол Петков и Иван Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 загинати, а тие самите дадоа само една жртва.
Иванчо Карасулијата е роден во селото Карасуле (Ругуновец), денес град Поликастро, Грција. Неговиот татко е од фамилијата Орџанови од Петрово, а неговата мајка потекнувало од Делиатанасови од Бозец. Чичко му Атанас Орџанов Петровалијат бил деец на Македонскиот комитет.
Откако извршиле неколку ликвидации над шпиони, прогонувани од властите на 15 септември 1897 година Карасулията, Апостол Петков и Спиро Карасулски станале нелегални, а кон нив подоцна се приклучил и Христо Узунов од Куфалово.
Војвода бил Апостол Петков, а подвојводата Карасулијат, малата чета била вооружена од Аргир Манасиев во Смоквица. Кон средината на февруари во четата им се приклучиле Гоно Балабанов од Сехово и Павел Граматиков од Кониково [4], Стојко Христов од Карасуле, Лазар Делев од Ореовица, Гого Киров и Мито Хаџи Јаков од Мутулово, Кољо Машкото од Богородица и Коста Мусевски од Костурино. За кратко време на дејствување во Дојранско, Гевгелиско и Ениџевардарско, четата посела страв меѓу тамошните гркомани и Турците зулумџии [5].
Во текот на Илинденското востание учествувал во II востанички округ. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите. Пред Илинден, во Гевгелиско биле четите на Михајлов со 33 души, Манасиев со 38 души и Карасулијата со 24 души, вкупно 95 четници. На Илинден четите се нашле во близина на самата Гевгелија. Ноќта на 10 август бил миниран блискиот железнички мост. На 12/25.09.1903 А. Петков и И. Карасулијата воделе голема борба со многуброен аскер на Гандач. Тие со писмо ги повикале началниците на гарнизоните од Гумеџе и Гевгелија. Четите зазеле добра позиција и ја пропуштиле војската да навлезе во клешта. Поради тоа нејзините загуби биле големи. На крај четите се извлекле со јуриш, фрлајќи бомби
May be an image of 2 people and people standing
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *