НА 2 АВГУСТ 338 ГОДИНА П.Н.Е, ВО БИТКАТА КАЈ ХЕРОНЕЈА, МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ ФИЛИП II СО СИНОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЈА ПОРАЗИЈА ВОЈСКАТА НА ХЕЛЕНСКИТЕ ПОЛИСИ АТИНА И ТЕБА

Битката кај Херонеја во 338 година п.н.е претставува најголема воена победа на македонскиот крал Филип. Армијата на Филип, која, сметајќи ги неговите сојузници од Тесалија, Епир, Етолија, северна Фокида и Локрида, броеше околу 22.000 војници, ја победи армијата составена од силите на хеленските полиси Атина и Теба и нивните сојузници. Поразот на грчките градови-држави во близина на бојотскиот град Херонеја доведе до воспоставување на македонска хегемонија во хеленскиот свет.

Битката беше класична битка на атинската и тебанската фаланга против македонската фаланга.
Кај сојузничките сили, Атињаните го држеа левото крило, а Тебанците десното, со тоа што коњаницата беше на двете крила, а тебантската и атинската фаланга кон средината. Дотогаш, непобедливиот, таканаречен свети баталјон на Теба го чуваше крајното десно крило.

На македонска страна, Филип II Македонски командуваше со десното крило, а Александар Македонски командуваше со левото крило. Сепак, Александра беше под надзор на најдобрите команданти на Филип. Познатата елитна тешка македонска коњаница беше поставена во позадина на македонските линии.

Двете страни жестоко се бореа некое време. Филип намерно ја повлекува десната страна за да ги прекине грчките линии. Атињаните напредуваат со силите на Филип во повлекување, отворајќи простор за Александар. Александар удира и ја напаѓа ослабената тебанска фаланга. Гледајќи го ова, Филип и неговите ветерански сили ги нападнаа слабо обучените атински трупи со поголема сила и ги истераа од битката.
 
Тебанците, оставени сами на бојното поле и храбро се борат против левото крило на Александар. Од познатиот тебански непобедлив свет баталјон од 300 војници, 250 беа убиени во битката.
Со таа битка, Александар Велики покажа големи војнички способности.
По битката, грчките полиси се покоруваат на Македонците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *