НА 18 ЈУЛИ 1967 ГОДИНА ВО ОХРИД БЕШЕ ПРОГЛАСЕНА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, НАСЛЕДНИЦА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

„Македонската православна црква – наследница на обновената Охридска архиепископија – се прогласува за автокефална. На чело на автокефалната Македонската православна црква стои архиепископ со достоинство ‘архиепископ охридски и македонски’“.
Ова се првите два члена од Одлуката што на 18 јули 1967 година на Третиот црковно-народен собор, на свечена седница во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ја донесе Светиот архиерејски синод на МПЦ.
Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
Корените на христијанството во Македонија потекнуваат уште од апостолско време. Македонците први го примиле христијанството во цела Европа. Потоа до особен подем дошло ширењето на христијанството во времето на учениците на Светите Браќа Кирил и Методиј – свети Климент и свети Наум, охридските чудотворци, кои проповедајќи го Христовото учење на јазикот на Македонците, уште повеќе ја зацврстиле кај нив христијанската вера.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *