НА 17-ТИ ОКТОМВРИ 1878 ГОДИНА ИЗБУВНА КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОТИВ ОСМАНЛИИТЕ И ЗА СОЗДАВАЊЕ НЕЗАВИСНА ДРЖАВА

Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев – Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнаа селото Кресна, каде што се наоѓаше османлиската касарна. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 109 турски војници. По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија. Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов.Кресненското востание било прв судир помеѓу македонското револуционерно движење и Бугарија. Востанието беше задушено дури во јуни идната година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *