НА 13 АВГУСТ 1903, БРАНЕЈЌИ ЈА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА ЗАГИНАЛ ПИТУ ГУЛИ ЗАЕДНО СО БОРЦИТЕ ОД СВОЈОТ ОДРЕД

Во македонската историја се споменуваат низа светли ликови на револуционери и видни граѓани кои учествуваа во подготовките и дигањето на Иленденското востание, во раководењето со востаниците, како и во одбраната на Крушевската Република. Помеѓу сите тие светли ликови на бестрашни бранители во одбраната на Крушевската Република, се издвојува личност која со своето јунаштво ќе се издигне над сите, а кој народот во своите песни ќе го овековечи за век и веков.

Јунакот од илинденското востание, конкретно од борбите за одбраната на Крушевската Република, чиешто име е овековечено во македонската народна песна, е името на Питу Гули (Гуле). Ова секако се должи, пред се, на фактите дека единствено Питу Гули, според сеќавањето на Наум Томалевски, на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот и со своите борци се спротивставил на многуилјадната војска на Бахтијар-паша, како и фактот дека љубовта спрема својот град, Републиката и слободата ја платил со животот на своите соборци и со својот живот.
 
Денес споменикот “Мечкин Камен”, востаник со високо подигната карпа над главата, кој ги преставува последните мигови на борбата, го одбележува местото на кое легендарниот Питу Гули (Питу Гуле) со своите соборци загина чесно, херојски, во одбрана на Крушево и Крушевската Република, исполнувајќи ја заклетвата и заветот испишан на воениот бајрак “Слобода или смрт”.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *