НА 12 МАРТ 1945 ГОДИНА ПЕТНАЕСЕТГОДИШНАТА АНА ФРАНК Е УБИЕНА ВО НАЦИСТИЧКИОТ ЛОГОР БЕРГЕН-БЕЛЗЕН.
На денешен ден, 1945 година, петнаесетгодишната Ана Франк била убиена во германскиот нацистички логор Берген-Белзен. Нејзиниот дневник станала симбол на страдањата на Евреите во Втората светска војна, во која Германците систематски и плански го истребуваа тој народ во Германија и во сите окупирани земји во Европа. Нејзиното семејство по доаѓањето на нацистите на власт во Германија во 1933 година пребегнало во Амстердам, каде од 1942 до 1944 година живеело во тајно скривалиште кое Гестапо успеал да го открие. Од нејзиното семејство војната ја преживеал единствено нејзиниот татко. По Втората светска војна нејзиниот дневник бил пронајден, а во 1947 година бил објавен. Дневникот е пишуван во време на двете години поминати во скривалиштето.