МЛАДИТЕ КОШАРКАРИ НА „ГЕВГЕЛИЈА“ БРОЕЈА ДО 105 ВО ДУЕЛОТ СО ЕКИПАТА НА „РОЛИНГ 08“

Вечерва, во рамките на 21.коло на Третата кошаркарска лига-Исток, кошаркарите на КК „Гевгелија“ ја пречекаа во салата „26.Април“ екипата на „Ролинг 08“ која се наоѓа на последното место на табелата. Гевгелиските кошаркари беа немилосрдни и го наполнија кошот на гостите, постигнувајќи дури 105 коша, а разликата од 69 кошеви разлика, зборува доволно за нерамноправната борба во Гевгелија.
 
Сега, дури 4 екипи имаат по 15 победи и се наоѓаат на делба на првото место на третолигашката табела-исток. Тоа, освен КК „Гевгелија“ се уште екипите на „Бутел“, „Маџари ГБ“ и „Струмица“. Овие четири екипи го обезбедија пласманот во плеј-оф натпреварите за влез во Втората кошаркарска лига.
Во последното 22.коло, гевгеличани и гостуваат на екипата на „Бутел“ во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *