МЛАДИОТ И НАДЕЖЕН ТЕНИСЕР АЛЕКСАНДАР ГРУЈИЌ НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ДО 12 ГОДИНИ, ГО ОСВОИ ВТОРОТО МЕСТО

Изминатиот викенд во Скопје, на тениските терени на клубот ИТЦЦ се одржа Отвореното првенство на Македонија во тенис, во категоријата до 12 години. Нашиот млад и надежен тенисер, Александар Грујиќ го освои одличното второ место. На патот до финалето тој ги победи убедливо своите тројца противници, препуштајки им само 4 гема.

По настапот во финалето, кој го загуби со 1-2, од семејството Грујиќ ни изјавија дека се задоволни од постигнатиот резултат на Александар, земајки ја во предвид ковид ситуацијата од која не беше поштедено и нивното семејство.
Претходно, Александар настапи на Тенис Европа У12 турнирот во Прокупље, а во периодот 19-22 Мај 2021 година, Александар е повикан, заедно со Марко Алексовски и Горјан Вукучевиќ да учествува на тренинг камп за тенисери под 14 години кој ќе биде во организација на ТФСМ, Tennis Europe и ITF. На кампот ќе се бидат опфатени тениски тренинзи, кондициони тренинзи и одигрување на мечеви.
Овој камп е воедно и изборен камп за натамошните репрезентативни настапи на ТФСМ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *