МЛАДАТА ВИКТОРИЈА ЈОВАНОВА ЈА ПРОМОВИРАШЕ ВТОРАТА КНИГА ОД ТРИЛОГИЈАТА „ЛУНА“: ПРЕКРАСНО Е КОГА ЌЕ СЕ СПОЈАТ ЉУБОВТА КОН УБАВИОТ ПИШАН ЗБОР И ЉУБОВТА КОН ЖИВОТНИТЕ

ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија во понеделникот, на 5 јули 2021 година, пред многубројните заинтересирани гевгеличани, љубители на убавиот пишан збор, кои го исполнија просторот пред Народниот театар, организираше промоција на книгата “LUNA 2″на младата и амбициозна писателка Викторија Јованова. Викторија, која веќе го докажа својот талент за пишување со своето литературно првенче, на задоволство на љубителите на убавиот пишан збор, се враќа со продолжение на својата прва книга Луна. Задоволството да биде поголемо, промоцијата беше и на македонски и на англиски бидејќи Викторија пишува на англиски јазик со голема леснотија и уживање.
Луна 2“ , рече на промоцијата Маре Брзанова, наставничка по англиски јазик во ООУ „Владо Кантарџиев“, продолжува таму каде што застана првиот дел „Луна“ – Морланд Стејблс. После една трагична несреќа,Кеитлин повторно се поврзува со нејзината мајка и започнува нов дел од нејзиниот живот, оставајќи го својот сакан коњ зад себе. Таа се прилагодува на нејзиниот нов живот и новите пријателства, но нејзината љубов кон коњите и јавањето не исчезнува. Неочекуван пресврт на настаните повторно ја доведуваат до Луна; со штоКеитлин се впушта во авантура, доживувајќи тажни моменти и моменти на пресврт во животот.
„Реткост е“, пишува во својата рецензија Никола Малевски, наставник по англиски јазик во ООУ „Климент Охридски“ во Миравци, „во денешно време на целосна доминација на технологијата да се види толку млада авторка која суверено владее со јазикот кој не ѝ e мајчин и која својата креативна имагинација ја вложува во дело кое може да допре до секој млад човек од нејзината генерација, a секако и до секој повозрасен љубител на книгите. “
Раскажувањето на Викторија е спонтано, детско и примамливо за секој читател кој го познава англискиот јазик. Таа ја враќа довербата во самото читање како естетски и уметнички процес кој ја издига личноста над секојдневието.
Викторија верува во вистинските вредности на животот, пријателството, љубовта кон животните и тоа го докажува на најдобар можен начин во вториот дел од авантурите на Луна.
Оваа приказна е испреплетена со многу елементи како пријателство, вистина и лага, малтретирање и љубов, сето тоа како дел од секојдневниот живот на младите, напиша во рецензијата Катерина Решкова, наставник по англиски јазик во ООУ „Владо кантарџиев“. „ Лесно е да се поврземе со приказната бидејќи секој си го сака своето милениче а „Луна 2“ пренесува сочувство, партнерство и љубов помеѓу коњот и неговиот „господар“.Оваа приказна е испреплетена со многу елементи како пријателство, вистина и лага, малтретирање и љубов, сето тоа како дел од секојдневниот живот на младите. Тоа е во крајност убава приказна,забавна, пријатна, брзо и лесно читлива со среќен крај.
Викторија Јованова е родена на 20.01.2006 год. во Гевгелија.Оваа година заврши основно образование во ОУ.“Владо Кантарџиев„ во Гевгелија.Таа пројавува голем интерес за пишување и цртање уште како мала.Нејзината голема љубов кон коњите и е основна мотивација за пишување на книгата „ЛУНА“.По успешното издавање на првата книга „ЛУНА“ продолжува со вториот дел од трилогијата „ЛУНА 2“. Покрај трилогијата „ЛУНА“ ги пишува и книгите :„His Cardigan” и „Take my Hand” исто така на англиски јазик,објавени на страната за книги Wattpad.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *