МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ,ЈУЛИ, И АВГУСТ 2023 ГОДИНА СО ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА КРВОДАРИТЕЛИ ВО ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН..

По последната крводарителска акција одржана на 30.08.2023 во просториите на Народниот театар во Гевгелија каде што имаше 14 крводарители – ОО Црвен крст Гевгелија направи четири месечен пресек на податоците од изминатата 2022 и оваа 2023 година.
Во периодот од месец мај до август 2023 година бројот на крводарувања на територијата на Гевгелија, Богданци и Дојран е зголемен за над 50 дарувања, во однос на 2022 год.
Минатата година за овие летни месеци се собрани 191крвни единици а тековната година за овој летен период се собрани 243крвни единици.
Ова треба да преставува дополнителен мотив за сите хумани граѓани да даруваат крв за спас на човечки живот.
ОО Црвен крст изрази благодарност до Фантоми Север и сите граѓани кои даруваа крв на последната крводарителска акција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *