МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ – 28 ФЕВРУАРИ

28-ми февруари е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со ретки болести. По тој повод цел месец се одржуваат активности чија цел е да се подигне свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.
Денес во светот 300 милиони луѓе се соочуваат со некаков вид на ретка болест, а има над 6.000 различни дијагнози.

Ретката болест значи недоволна заштита од здравствените органи на државата, недостаток на третман и лекарства, стигма од општеството, но тоа се треба да се промени.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на Денот на ретките болести во 2008, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен.

Во Македонија досега се откриени околу шест илјади луѓе со ретки болести кои се дел од глобалната заедница на околу триста милиони луѓе во светот. Ниското ниво за јавната свест за овие болести го зголемува ризикот од социјална исклученост и дискриминација.
 
Ретките болести најчесто се откриваат во детската возраст и дека речиси 70 проценти од пациентите со ретки болести се деца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *