МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ГО ЗАВРШИ ПОПИСОТ НА ШТРКОВИ.

Трите села во најмногу гнезда од штркови се Стојаково – 53 гнезда, Богородица – 45 гнезда и Росоман со 41 гнездо.
Најголем број на гнезда се наоѓаат на бандери (околу 76% од сите гнезда), кровови на куќи (18%), силоси, кровови и оџаци на фабрики околу 5%, додека пак најмалку гнезда на штркови се лоцирани на дрва – помалку од 0,2%.
 
Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, а во Македонија првпат се спроведе во 2014 година. При истражувањето во Македонија беа вклучени над 15 членови и волонтери на МЕД, а евидентирани се вкупно 1765 гнезда на штркови (1388 активни гнезда и 377 неактивни гнезда – односно гнезда во кои не се извеле млади, биле гнезда за спиење на штрковите, или имало само една возрасна птица).
 
Вкупниот број на изведени штркчиња е 3,934.
Штрковите најчесто ги населуваат рамничарските региони и најголем дел од гнездата се лоцирани во населените места.
Како региони со најмногу гнезда на штркови се издвојуваат Пелагонија (541 гнездо) и Овче Поле (326 гнезда).
 
Во споредба со цензусот на штркови направен во 2015-та година бележиме зголемување на популацијата на штркови, односно, бројот на активни гнезда од 837 пораснал на 1388, што претставува зголемување на популацијата на штркови во државата за 65% за период од 10 години.
 
Од друга страна, годинава се извеле 100% повеќе млади споредено со 2015 (1964 ). Популацијата на белите штркови расте во цела Европа.
Ваквиот пораст на бројноста на белите штркови се дилжи на успешноста на имплементираните мерки за заштита на штрковите, намалениот притисок од земјоделството, но и климатските промени играат важна улога бидејќи сега штрковите полесно наоѓаат храна во зимски услови, па така им се намалува и миграторниот пат.
 
Овие резултати укажуваат на потребата за понатамошна заштита и мониторинг на штрковите во Македонија, како и за имплементација на стратегии за заштита на нивните живеалишта.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *