МАКЕДОНСКИОТ САМУРАЈ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ СЕ ВИКА МАНЧЕВСКИ, ОМИЛЕНО ЈАДЕЊЕ МУ СЕ ЌЕБАПИ И МУСАКА

Знамињата на 84 држави-учеснички на Олимписките игри во Токио, меѓу кои и на Македонија, добија уметничка интерпретација во форма на самурај – традиционален јапонски воин
Како јапонските уметници го смислиле и преставиле македонскиот самурај?
Јапонските уметници ставиле дел од знамето на градниот оклоп на „самурајот“, а го облекле и во чизми кои сметале дека би одговарале на традиционален воин од земјава.
Освен илустрација, за секој самурај, па и за тој од Македонија, има „лична карта“. Името му е „Манчевски, висок е 182 сантиметри. Хобито му е „восхитување на бронзенени статуи. Омилена храна на „Манчевски“ му се ќебапите и мусаката.
Има и кус опис за личноста. Се вели дека „Манчевски“ е особено независен и поседува особено лидерство. Пријатен е и пријател со секого.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *