МАЈА ЧАНАЧЕВИЌ СО КОНЦЕРТОТ „МОЌТА НА КЛАСИКАТА“ И ГО ПРИБЛИЖИ НА ПУБЛИКАТА ЗВУКОТ НА АНГЛИСКИОТ РОГ

Концерт насловен „Моќта на класиката“ на кој како солистка на англиски рог настапи Маја Чанаќевиќ, а диригент беше маестро Конрад ван Алфен од Холандија, се одржа пред две вечери во Македонската Филхармонија.

На програмата беа Симфонијата број 5 од Лудвиг ван Бетовен, Сцена и рондо за англиски рог и оркестар од Антон Рејха и Концерт за англиски рог и оркестар од Јозеф Фиала.
 
„Нема поголема среќа за еден музичар кој може да биде среќен со своите соработници и пријатели музичари. Посебно би сакала да ù се заблагодарам на директорката Тина Иванова, која што ми ја даде довербата за овој концерт, но исто така и што се обидува да нè стимулира за повеќе настапи и повеќе концерти, што е особено значајно за секој музичар, не го криеше своето задоволство Чаначевиќ.
Инаку , дел од посетителите после концертот изјавија дека присуствувале на еден над просечен концерт , на кој свој белег со солистичката маестрална изведба даде токму Маја Чаначевиќ, под диригентската палка на извонредниот маестро Конрад ван Алфен.
 
Маја Чанаќевиќ е родена во Скопје, каде што го завршува средното музичко образование и Факултетот за музичка уметност. Дипломира обоа во класата на професор Гордана Јосифова-Неделковска, на ФМУ во Скопје. Веднаш по дипломирањето ги завршила и постдипломските студии по културен менаџмент, a магистрирала и во областа на музичката уметност во класата на професор д-р Владимир Лазаревски.
 
Вработена е повеќе од 20 години како обоист и солист на англиски рог во Македонската филхармонија. Во рамки на својата уметничка дејност, продолжува да твори и да ја промовира камерната музика и музиката пишувана за овој редок инструмент (англиски рог). Во периодот 2007 – 2017 година, во три мандати беше директор на Македонската филхармонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *