Утре, среда, на 10 Јули, со почеток во 20:30 часот, на терасата на Хотел Аполонија во Гевгелија, ќе бидат изложени ликовните дела на 20-та по ред Ликовна Колонија „Аполонија 2024“. На овогодишната ликовна колонија учество зедоа уметниците Ниче Василев, Гоце Божурски, Драги Хаџи-Николов, Мирјана Крстева –Массетти, Бојан Савиќ, Ѓорѓе Станиќ, Иван Кузмановски, Ифигенија Васдари, Зивер Каплан, Оливера Аџиќ и фотографот Рајко Р. Каришиќ.