ЛЕОНИД ЦУКЛЕВ – ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ 2021/2022

„Не дека е лесно да се биде првенец на генерацијата, меѓутоа ако се пристапи кон учењето со посветеност и континуираност заедно со желбата за успех, резултатот и успехот е неизбежен. Секоја година бев дел од државните натпревари по природните науки, а по предметите математика, физика и биологија освојував награди и согласно покажаните афинитети за тие науки го избрав и понатамошниот правец на моето школување. Се запишав на математичко-информатичката гимназија во Скопје каде се организира напредна настава за предметите математика, информатика и физика.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *