Во рамките на манифестацијата ,,Босилово културно лето 2024“ во пресрет на големиот христијански празник “Голема Богородица“, во населеното место Секирник, вечерва, 27 август, ќе се одржат традиционалните ,,Русалиски средби“ а годинава ќе има и Богородичен концерт со Елена Андоновска, Сашко Митев и оркестарот ,,Дај една чалгија“.
На „Русалиските средби 2024“ ќе земат учество КУД ,,Танец“ од Миравци, ФА,,Бели Мугри“ од Кочани, ФА „Копачка“ Драмче -Делчево, ФА „Бојмија“ од Гевгелија, КУД ,,Мирка Гинова“ од Демир Капија, ФА ,,Мегдан“ од Богданци но и домакините ,,Русалиите од Секирник.
Сите тие треба да ги пренесат русалиските игри кои се автентични ора на бегалците од Егејскиот дел на Македонија а потомците на ,,бежанците“ ги негуваат и до ден денеска тропајки со клчките. Русалиските средби ќе почнат во 20 часот.