КОНЦЕРТ НА „ТРИО ЏЕНТЛЕМЕН“

Утре, четврток, 29 август, во рамките на Гевгелиското културно лето, на платото пред Народниот театар, ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“, музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко- сценска атракција.
На концертот пред гевгелиската публика тие ќе се претстават со композициите: Тајно моја, Кога те нема, Чукни во дрво, Штом се сака, Che sara Caruso, Мама son tanto, O sole mio, Сербез Донка, Јовано Јованке, Мајка на Марика, Не стој Доне Донке, Молитва, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, Се што сакав и Штом ноќта помине.
Организатор на концертот, кој ќе започне во 20,30 часот е Домот на културата „Македонија“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *