„КОМУНАЛЕЦ“ ЗАПОЧНА СО ДОСТАВА НА ПЛАСТИЧНИ САДОВИ ОД 120 ЛИТРИ ДО ДОМАЌИНСТВАТА

ЈПКД “Комуналец” Гевгелија, започна со организирана достава на жолти пластични садови (канти) од 120 литри до корисниците.
Овие садови се бесплатни и се наменети исклучиво за одлагање на сува хартија (картон), пластика (шишиња, фолии) и метални конзерви (лименки и сл.).
 
Целта на употребата на “втор сад” за комунален отпад е со примарна селекција на наведениот домакински комунален отпад да се намалат количините за транспорт на истиот до општинската депонија, продолжување на векот на траење на депонијата и заштита на животната средина, што преставува општ бенефит за сите граѓани во општината.
 
Селектираниот отпад од жолтите канти се собира одделно од неселектираниот комунален отпад, а динамиката за подигање на овој тип отпад ќе Ви ја соопштиме благовремено.
Кантите се испорачуваат до секое домаќинство по утврден план, а при испораката, корисниците ќе потпишат и договор со условите за користење на кантите.
 
За потребите на корисниците за комуникација со службата за подигање на отпад, ЈПКД “КОМУНАЛЕЦ” ја воведе новата специјална телефонска линија со бројот 076 88 22 33 и електронската пошта за комуникација Gevgelija.selektira@gmail.com

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *