КИРИЛ ЛЕШОЧКИ ПРОГЛАСЕН ЗА СВЕТЕЦ, ЌЕ СЕ ЧЕСТВУВА НА 24 МАРТ

Во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ на света божествена литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, објавена одлуката за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ за светител Кирил Лешочки. Празникот ќе се ќе чествува на 25-ти март.
 
Тој во беседата потенцираше дека на игуменот Лешочки денеска со канонизацијата му се исправа неправдата, која му ја наметнуваше секуларната наука.
 
Со своите проповеди и севкупна дејност, Пејчиновиќ се истакнал во времето кога на нашиот народ му требало поука, како да биде поблиску до Бога. Верниците воодушевени од светиот чин канонизација.
 
Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок каде подоцна во манастирот служи и станува Игумен. 

Неговиот животен пат освен на бројните написи, го напишал и на камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал пишувајќи го познатиот епитаф.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *