ЌЕРКАТА ЕДИНА ЗА НАГРАДАТА „ПОРИН “ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА АКИ РАХИМОВСКИ:

ЌЕРКАТА ЕДИНА ЗА НАГРАДАТА „ПОРИН “ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА АКИ РАХИМОВСКИ:
„ЗА ДРУГИТЕ БЕШЕ ВЕЧЕН СОНУВАЧ СО НЕМИРЕН ДУХ, А ЗА МЕНЕ САМО ТАТКО“
 
Поринот за животно дело денеска му беше врачен на семејството на прерано починатиот Аки Рахимовски. Покрај ќерката Едина и синот Кики Рахимовски, во неговото музичко семејство имаше уште двајца членови – гитаристот Маријан Бркиќ и клавијатуристот Берислав Блажевиќ.
На доделувањето на наградата за животно дело „Порин“ присуствуваа Ивана Мартинац, генерален секретар на „Порин“, Никша Братош, член на УО на „Порин“ и Франо Ѓуровиќ, претседател на Управниот одбор на музичката награда „Порин“.
При тоа Едина, ќерката на Аки мошне емотивно се заблагодари
– Ви благодарам од името на семејството Рахимовски за ова признание. Музичката награда Порин ја одбележа кариерата на татко ми воопшто, која ја изгради заедно со Ваљак. Она што останува зад него е само песната, неговата огромна харизма и вербата дека утре никогаш нема да престане . Тој беше вечен сонувач на немирниот дух, Петар Пан со широка насмевка, а за мене само татко. Ја живееше музиката, ја живееше песната и живееше за публиката. Музиката беше неговата фаза од животот низ која се менуваа годишните времиња пролет, лето, есен и зима. И сето тоа беше татко ми. Ви благодарам многу – рече ќерката на Аки, Едина во својот емотивен говор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *