КАКО ТВ 21 ГИ ЗНАЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ ПРЕД ТИЕ ДА БИДАТ ОБЈАВЕНИ?

ТВ 21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме, вели телевизијата, дека во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.
Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дошла ТВ 21, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 29,5 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава, што го дава процентот од Амди Абјрам 102,5 отсто.
Процентите варираат доколку во вкупниот број на население се вбројат и оние кои живеат во дијаспора, како што е предвидено со закон.
Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%.
Не се знае дали овие бројки ја предизвикаа изјавата од пред неколку дена на директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој рече дека ќе биде прогласен за „државен непријател“.
Можно е да е слика од 1 лице и текст
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *