КАКО РЕДАРИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ ГИ ЛЕГИТИМИРААТ ГРАЃАНИТЕ ДАЛИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ КОГА ЗА ТОА НЕМААТ ПРАВНА МОЖНОСТ?

Ниту Државниот пазарен инспекторат, ниту угостителите знаат како ќе ги легитимираат граѓаните дали се вакцинирани или не од 16 август, по одлуката на Владата во саботата вечерта.
Единствено е познато дека „се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан“.
Директорката на Државниот пазарен инспекторат вели дека оваа институција располага само со 180 инспектори, а се чекаат инструкции за тоа како ќе ги контролираат редарите.
– Инспекторите ја немаат таа надлежност да легитимираат гости дали имаат таков сертификат, рече Анета Симеска Димоска во својата последна изјава.
Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски вели дека ова е бесмислена одлука која ги крши човековите права. Тој вели дека земјава нема закони за редари да смеат да бараат ковид сертификати за влез во угостителски објект.
Невозможно е секој угостителски објект да обезбеди редарска служба заради контрола на приложување на доказ за вакцинација. Ниту редарите ниту вработените имаат право да вршат идентификација согласно постојните законски прописи, смета Јосифовски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *