ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ КОИ ПОБАРУВААТ СУБВЕНЦИИ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделските стопанства дека согласно новиот модел на субвенционирање, секој производител кој поднел барање за субвенции за 2023 год. ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба повторно да направи електронско пријавување за дополнителните субвенции по површина со доказ или изјава за остварено производство. 

Рокот за поднесување на барања за дополнителни субвенции за 2023 год. е од 28.11.2023 до 25.12.2023 и се врши во просториите на МЗШВ ПЕ Гевгелија секој работен ден од 08ч до 15:30ч. Во овој период ќе се дополнуваат барањата за растително производство и тоа за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни насади.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *