„ИЗВАЛКАЈ СЕ И ИСЧИСТИ“ – УТРЕ ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ЛОКАЦИЈАТА КАЈ ПОРАНЕШНАТА „КАСАРНА“ ВО РАМКИТЕ НА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Утре (сабота, 8 мај, 2021 година), Општина Гевгелија ќе биде дел од првата еко-акција „Генерелка викенд- За чисто како дома исто“ на Мен енд Маунтен, продукциска компанија за емитување и медиуми. Еко-акцијата ќе се одржи на локација кај поранешната Касарна, со почеток во 09:30 часот. На акцијата ќе земат учество вработени од Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и претставници од невладините организации, спортски клубови и сл.

Општина Гевгелија ги поканува и сите граѓани кои сакаат доброволно да учестуваат во акцијата и да го дадат својот придонес во расчитување на одредената локација. Инаку, „Генералка викенд“ се спроведува во соработка со ПАКОМАК, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделиe и шумарство, а проектот е поддржан е и од Делегацијата на Европската Унија. Како што истакнаа од МАМ, ова е прв проект во кој ќе бидат вклучени сите граѓани со надминување на бариерите во однос на припадност на партија, се со цел за постигнување повисока цел, а таа цел е реобнова на земјата со отстранување на отпадот од минатото и создавање еколошки одржлива иднина.

– Успеавме да воспоставиме основа на која се надминуваат сите партиски бариери, етнички, религиски и каде сите луѓе ќе учествуваат подеднакво бидејќи тие сфаќаат дека сме само луѓе и дека на сите ни треба чист воздух, чиста и пивка вода, безбедна средина. Првата еко-акција на МАМ ќе се одржи во повеќе градови во Република Северна Македонија: како: Велес, Штип, Охрид, Крушево, Демир Капија, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Струмица…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *