ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД КОНКУРСОТ НА ТЕМА „ЖЕНСКИТЕ ПРАВА“

На 14 ноември, понеделник, 2022 година, во Клуб-галеријата на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 13:00 часот, ќе биде отворена Изложбата на цртежи „Женски права“.

Клуб-галеријата ќе биде исполнета со петнаесеттина цртежи на учениците од VI до IX одд. и Ликовната работилница, кои пристигнаа во рамки на Ликовниот конкурс на Општина Гевгелија, на тема: „Женски права “, а во реализација и соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.

Имено, цртежите беа оценувани од тричлената комисија, во состав на Мирјана Крстева Массетти, Александар Јанев и Петар Јанчев. Притоа, Комисијата за најдобри ги оцени цртежите на Павле Митров, Живко Станчев и Софија Милосављевиќ од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Теодора Манчева од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и Каја Јанковска од Ликовната работилница.

На Изложбата, на наградените и нивните ментори ќе им бидат врачени Решенијата за парични награди и Дипломите, а на останатите учесници на Ликовниот конкурс врачени Пофалници и симболични награди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *