Business Elite Awards, заштитен знак на Global Top Brands Awards, произлезе од идејата да се препознаат најуспешните бизнисмени од целиот свет и да се вмрежат со цел да им се даде шанса да ги зголемат можностите за проширување на нивниот бизнис и зголемување на профитот. Нашиот уникатен начин да го правиме тоа е преку организирање на престижни деловни настани во најголемите деловни престолнини во светот и создавање платформа за идна соработка на успешни бизнисмени.
Во пријатна атмосфера во Атина во Grand Bretagne хотелот се одржа гала вечера на која што беа промовирани 30-те најуспешни млади бизнис лидери под 30 години (30 under 30) во Југоисточна Европа. Со членството во ексклузивниот Business Elite’s “Executive Club”, наградените и официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни бизнис лидери во светот.
„Чест и привилегија е да се биде меѓу најуспешните млади лидери, но и голема мотивација за понатамошен развој на идеи, нови предизвици и сите оние убави моменти што ги доживуваш кога го сакаш и уживаш во она што го работиш.
Оваа награда е поттик да продолжиме да се стремиме кон нашата цел – а тоа е да станеме еден од најпрепознатливите произведувачи на трпезно грозје во Европа.
Наша главна цел за стратешки развој во периодот кој што претстои е зголемување на количините на произведено трпезно грозје, како и имплементирање на современи решенија за унапредување на самиот процес на производство на трпезно грозје. Со речиси 1,5 милиони килограми произведено трпезно грозје годишно, Витториа Фруит веќе е компанија која може да ги опслужи и најсериозните барања на маркетите ширум Европа, па се надеваме дека растот ќе продолжи и во иднина.“
Инаку, гевгелиската фирма Витториа Фруит е производител на многу сорти на трпезно грозје, семени и безсемени, на површина од 140 хектари. Оваа година беше особено интересна бидејки пласиравме повеќе од 80% од нашето произведено трпезно грозје на полиците на Европските маркети како ЛИДЛ, АЛДИ, ТЕСКО, АЛБЕРТ АХОЛД..