ИСТРАЖУВАЊЕ : АНТИТЕЛАТА НА КОРОНАВИРУСОТ ТРААТ ОСУМ МЕСЕЦИ ПО ПРЕЛЕЖАНАТА БОЛЕСТ

Антителата на коронавирусот во поголем дел од случаите траат по осум месеци по прележување на болеста без оглед на тежината на болеста, староста на пациентот и присуството на веќе постоечки болести, покажало истражувањето на италијанските доктори објавено во магазинот „Nature Communications“.
 
Истражувањето било спроведено во болницата „San Rafaele“ во Милано во соработка со експертите од Институтот за здравје кои во текот на пандемијата на коронавирусот ја советуваат Владата на Италија.
 
„Без оглед на тоа што присуството на антителата со текот на времето се намалуваше, се покажа дека тие упорно опстојуваат во организмот на човекот. Осум месеци по дијагнозата, од 162 пациенти само тројца немаа антитела“, наведено било во соопштението од болницата и Институтот.
Авторите на истражувањето инсистираат на тоа дека присуството на антителата е многу важно за тоа како инфекцијата ќе се однесува.
 
Дури 57 отсто од пациентите веќе имале некои постоечки заболувања кога се заразиле со Ковид-19, а најчесто тоа биле хипертензија (44 отсто) и дијабетес (24 отсто).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *