ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ДАДЕ НАСОКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ИНФЕКЦИИ ВО БОЛНИЧКИТЕ УСТАНОВИ

Инфекциите стекнати во болница, кај пациенти примени на лечење, кај пациенти испуштени од лечење, како и инфекциите кај здравствениот персонал, претставуваат медицински, етички и економски проблем.
Тие се предизвикани од бактерии, вируси и габи и најчесто причинуваат воспаление на белите дробови и дишните патишта, уринарни инфекции, инфекции на рани и др. Интрахоспиталните инфекции се јавуваат кај 1 од 10 пациенти.
За да се успее да се намали овој проблем, по препорака на СЗО,Институтот за јавно здравје на Македонија даде препораки како за болничките установа, така и за здравствените работници
За болничката установа:
Достапност на средства за дезинфекција.
Редовна дезинфекција на болничките простории, медицинскиот прибор и апарати.
Почитување на протоколот за хоспитална култура на Министерството за здравство.
Почитување на термините за посета на пациенти.
Правилна селекција и диспозиција на отпад.
За здравствените работници:
Правилно и редовно миење, како и дезинфекција на рацете.
Правилно носење и менување на заштитните средства – маски, ракавици, униформи, каљачи, капи, наочари и др.
Да не се користат истите заштитни средства, во и надвор од болничката установа.
Рутински санитарни прегледи на здравствениот персонал.
Редовна едукација на сите здравствени работници.
Рано откривање, изолирање и лечење на пациенти со интрахоспитална инфекција.
Доколку сериозно и редовно се применуваат овие насоки , тогаш, велат од Институтот за јавно здравје, 1/3 од интрахоспиталните инфекции може да се спречат!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *