ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ : ДОСЕГА 6339 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД НИВ 31 СЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, 7 БРЕМЕНИ ЖЕНИ И 5 КОИ ИМАЛЕ РЕИНФЕКЦИЈА.

Од почетокот на пандемијата со ковид-19 до 12 септември во Македонија се регистирани 6.277 смртни случаи. Од нив 31 здравствен работник ја загуби битката со ковид-19, починале и седум бремени жени, а извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека починале и петмина пациенти кои се водат дека вторат биле инфицирани со коронавирус.
Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 8 април 2021 година =49).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години каде е регистриран и највисок специфичен морталитет.
Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.735), дијабет (n=1.559) и белодробна болест (n=693). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 371 (5,9%) починале во вонболнички услови, а 5.906 (94,1%) починале во хоспитални услови.
ИЈЗ регистира дека највисок морталитет има во Прилеп и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.
Репродукцискиот број на заразени од COVID-19 (R0) во . Македонија изнесува 0,97 заклучно со 12.09.2021, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со умерени капацитети за одговор, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Вчера Министерството за здравство објави дека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.
May be an image of indoor
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *