И ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ФОРМИРА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ КЛУБ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Регионален центар за одржлив развој Гевгелија во соработка со Младински образовен форум (МОФ), започна со имплементација на проектот Локални младински клубови во тековната 2022/23 година. Со формирањето на овие младински клубови се создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младиските права и политики.
 
Основната цел на овој проект е информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите. Преку интерактивни неделни предавања во Дебатниот клуб средношколците ќе се запознааат со светот на компетитивна дебата и медумската писменост! 
 
Ќе научат како да истражуваат и проучуваат теми од различни области, како да се борат против лажните вести и дезинформациите и како да ги препознаат истите, како структурирано да изнесуваат аргументи, многу техники за одржување на јавни говори и правилно побивање на туѓи аргументи со кои не се согласуваат.
 
Вештините што ќе ги стекнат средношколците значително ќе им помогнат да се развијат на персонален, академски и професионален план. Ги охрабруваме сите средношколци да станат дел од Локалниот младински клуб и да се пријават и на креативен и забавен начин да учиме заедно оваа учебна година. 
 
Пријавувањето трае до 29 октомври 2022 година на маил, rcorgvg@gmail.com и rcorgevgelija@yahoo.com или на нашиот инстаграм профил rcor.gevgеlija

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *