И ДЕЦАТА ВО НОВ ЗЕЛАНД КАКО И ВО ГЕВГЕЛИЈА СО РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА ГО „НАПЛАЌААТ“ ДОЛГОТ НА „ЗАСПАНИОТ“ ИМУНИТЕТ

Новозеландските болници, слично како гевгелиската, доживуваат наплата на „долгот на заспан имунитет“ создаден од заклучувањата за време на пандемијата Ковид-19, со одделенија преплавени од бебиња со потенцијално смртоносен респираторен вирус.
Велингтон има 46 деца во моментов хоспитализирани со респираторни заболувања, вклучително и респираторен синцицијален вирус или РСВ. Голем број се доенчиња, а многу се на кислород. Другите болници исто така доживуваат пораст на случаи кои ги намалуваат нивните ресурси – некаде има одложувања на операциите или претворање на игротеки во клинички простор.
И во Општата болница во Гевгелија, по изјавата на началничката на Детското одделение, д-р Љупка Урумова за ТВ Нова12, јавноста беше запозната за 50 – на заболени деца од респираторна инфекција во текот на месец јуни, во време кое е нетипично за вакви заболувања, проследени дури и со тешки бронхопневмонии.
Веднаш реагираше Министерството за здравство, и наредниот ден тим од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводен од доктор Аспазија Софијанова ја посети гевгелиската болница. По анализирањето на земените брисеви и крв во Скопје, утврдено е дека ниту едно од педесетте деца немало антитела на ковид-19 а министерот Филипче потврди дека зголемениот број на случаи е резултат на разбудениот имунолошки систем по изолацијата за време на пандемијата, а дека се работи за респираторен синцицијален вирус или РСВ
РСВ е честа респираторна болест. Кај возрасните, генерално, произведува само многу благи симптоми – но може да ги направи малите деца крајно болни, па дури и да бидат фатални. Големината и сериозноста на епидемијата на Нов Зеланд веројатно некои лекари од педијатрија го нарекоа „долг на имунитетот“ – каде што луѓето не развиваат имунитет на други вируси потиснати од заклучувањата поради ковидот предизвикувајќи случаи кои експлодираат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *