И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ И БУРА ДА КОСИ , ЧИЧКО ПОШТАР ПОШТА НОСИДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОШТИТЕ- 9-ТИ ОКТОМВРИ ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРВАТА ПОШТА Е ОТВОРЕНА ВО 1913 ГОДИНА НА РЕЛАЦИЈА ГЕВГЕЛИЈА-БЕЛГРАД

Светскиот ден на поштите се прославува секоја година на 9 oктомври. На тој датум во 1874 година во Берн е основан Светскиот Поштенски Сојуз (Universal Postal Union –UPU).
.Согласно решението на Министерството за пошти (подоцна именувано во Министерство за пошти и телеграфи), од 4 октомври 1913 година,на релација Гевгелија-Белград беше воспоставена подвижна пошта.
А, од 18 април 1914 година започна да работи амбулантната пошта Ниш – Гевгелија 6 и Гевгелија – Ниш 6, додека амбулантната пошта Белград – Гевгелија 1, беше преименувана во амбулантна пошта Белград – Гевгелија 12 и обратно.Покрај овие пошти во транспортот на поштенски пратки беше користен и возот Ориент – експрес што сообраќаеше на линија Париз-Скопје-Солун-Цариграт и назад, а поминуваше низ град Гевгелија.
По ослободувањето поштенскиот сообраќај во внатрешноста на Македонија преставувало железницата.За пренос на поштенските пратки најмногу се користеле специјални поштенски вагони,т.е. подвижна пошта.Во тој период биле воспоставени следните три подвижни пошти: Скопје-Битола, Скопје-Гевгелија и Скопје-Кочани.
Во 1964 година кога биле создадени нови организациони форми, железницата и подвижната пошта биле наполно напуштени. Оттогаш превезот бил организиран со сопствени автофургони на следните релации: Скопје-Велес-Штип-Струмица; Скопје-Кавадарци-Гевгелија; и Скопје-Гостивар-Дебар.
На 8 септември 1994 година, во центарот на Гевгелија, била пуштена во употреба нова шалтерска пошта. Во новиот поштенски објект биле предвидени да се обавуваат секојдневните поштенски, телефонски и телеграфски услуги, како и платен промет на граѓаните на град Гевгелија.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *