ГЕВГЕЛИСКОТО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО ОРГАНИЗИРА ХУМАНИТАРЕН БАЗАР „ПОДАРИ РАДОСТ ЗА РОЖДЕСТВО“

Од 15-ти декември до 6-ти јануари, Гевгелиското архиерејско намесништво, со благослов на Митропол Повардарски, господин Агатангел и оваа година организират хуманитарна акција „Подари Радост на Рождество“, за собирање донации во прехрамбени продукти и средства за лична хигиена по повод Новогодишните и Божиќни празници.
 
Поединците и фирмите, своите донации може да ги достават во двата свети храма во Гевгелија и на пунктовите низ гевгелиските маркети.
 
Намесништвото изразува благодарност до сите оние, што до сега се одзваа на повикот за Хуманитарната Акција која е во тек, и на оние кои тоа ќе го сторат наредните денови.
Подготвените пакет – производи ќе бидат поделени на Бадник, на семејствата од социјален ризик, во нашата Гевгелија.
Земете учество во оваа акција за да бидат израдувани што повеќе семејства за Божик !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *