ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ: БОЖИЌ НЕКА ДОНЕСЕ ЗДРАВЈЕ, БЕРИЌЕТ, ЉУБОВ И ХАРМОНИЈА ВО СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

 Во пресрет на еден од најголемите христијански празници- Раѓањето Христово, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, упати божиќна честитка кон граѓаните. Во која истакна:

 

             – Почитувани граѓани,

            Божиќ како Празник за Христовото раѓање е симбол за заедништво, љубов и разбирање. Одбележувањето на големиот христијански празник и оваа година нека биде прославен во духот на традицијата, во љубов и хармонија со семејството и пријателите.  Бадниковото гранче во сите домови да донесе здравје и бериќет низ целата година и исполнување на сите желби за подобар живот. Христос се роди! Среќен Божиќ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *