ГП ЕВЗОНИ СЕШТЕ НЕ Е ОТВОРЕН, ГРЧКИТЕ ОРГАНИ ЧЕКААТ ЗВАНИЧЕН ДОКУМЕНТ, ГП БОГОРОДИЦА РАБОТИ НОРМАЛНО

Нашиот најфреквентен граничен премин Богородица утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патниции туристи,но ГП Евзони на грчката страна и покрај најавите до овој момент сеуште не е отворен,потврдија од дежурната служба на ГП Богородица.
 
–Од утрово од 7 часот,за кога беше најавено отворањето на ГП Евзони,низ нашиот граничен премин кон Грција заминаа петнаесетина возила кои до овој момент сеуште чекаат на Евзони за влез во Грција затоа што грчките гранични органи сеуште чекале официјален документ од Атина и додека не го добиеле, на ГП Евзони ќе се чека,рекоа од дежурната служба на ГП Богородица.
Инаку состојбата на нашиот граничен премин е релаксирана.Граничните полицајци и царинските работници се подготвени за зголемен проток на туристи,но барем денеска ги нема во поголем број.
На нашата граница освен патни исправи не се потребни други документи,а за влез во Грција на ГП Евзони треба да се покаже вакцинален картон со примени две дози од било која вакцина од која втората доза треба да е примена најмалку пред 14 дена,негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за прележана болест, со приложен тест за антитела.
Се очекува во текот на денот ГП Евзони да ги дигне рампите за влез во Грција откако ќе пристигне официјалниот документ од владата во Атина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *