ГОРИ НЕБОТО НАД ГЕВГЕЛИЈА НО ГОРИ И ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА. ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА МИРИЗБАТА, НЕВЛАДИНИТЕ ПОДНЕСУВААТ ПРИЈАВИ ДО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ.

Градската депонија во Гевгелија повторно се запали вчера, сабота, 31 јули околу 10 часот претпладне. Со заедничка интервенција на пожарникарите и комуналните работници од Гевгелија огнот беше изгаснат, но третманот на жариштето продолжи и во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, а и утринава, па се очекува во текот на денешниот ден чадот да биде намален. Чадот и овој пат им го отежнува дишењето на жителите од југоистокот на градот, како и од граѓаните на село Богородица. Според непотврдени информации, причината за пожарот најверојатно е човечкиот фактор, бидејќи непосредно пред да се запали депонијата, наводно, било забележано машко Н.Н лице како се движело околу самата депонија.
Некои од невладините организации од општина Гевгелија поради честото запалување на градската депонија, поднеле и пријави до Државниот инспекторат за животна средина. Од Инспекторатот, пред извесно време изјавија дека пред локалните избори очекуваат овие депонии намерно да се палат за да се создава тензија и тие, со инспекторите што ги имаат ќе мора да бидат многу често на терен и да се санкционираат овие состојби.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, по вчерашното потпалување на депонијата ни изјави дека постојано и во текот на вчерашниот, но и на денешниот ден се интервенира на депонијата со цистерни со вода, како од возилата на ТППЕ- Гевгелија, така и од ЈПКД „Комуналец“, и тој очекува ситуацијата до крајот на денот во поглед на чадењето на депонијата да биде смирена. Што се однесува до причината на потпалувањето на депонијата, и тој смета дека најверојатно се работи за човечки фактор, бидејќи, колку за споредба, минатата година, кога поради ковидот беше воведен полициски час, не беше забележано ниту еднаш потпалување на градската депонија.
Инаку, многу граѓани се револтирани од густиот чад кој се издига од депонијата, кој не само што предизвикува неподнослива миризба во овие денови на екстремно високи температури, туку претставува ризик за здравјето на оние кои се директно изложени на чадот. Краткорочната изложеност на чадот може да предизвика мали проблеми како главоболка, гадење и осип. Но, посериозни проблеми со здравјето се појавуваат при средна и долготрајна изложеност, заради присуството на некои загадувачки супстанци кои се содржат во чадот, а кои вклучуваат: Тешки метали (жива, олово, арсен) Органски загадувачки сусптанци диоксини, фурани, полициклични ароматични јаглеводороди, полихлорирани бифенили.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *