Раководството на гевгелискиот клуб го назначи трофејниот македонски тренер да го води тимот во новата сезона во единствената Втора лига.
Ѓоре Јовановски бил првотимец на ФК Вардар од Скопје, каде што играл на позицијата десен бек. По завршувањето на играчката кариера, Јовановски продолжил да работи како тренер на повеќе македонски клубови.
Покрај тоа што ја водеше фудбалската репрезентација на Македонија, Јовановски беше дел и од: Вардар, Работнички, Металург, Беласица, Шкендија и Милано.