ГОЛЕМ УСПЕХ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „LIVE COOKING SHOW“

На меѓународниот натпревар “Live cooking show”, кој се одржа од 13 до 15 септември, во туристичкиот ресорт Мамаиа, близу градот Костанца, Република Романиа, учениците од Угостителско – туристичката струка постигнаа одличен разултат, пишува на својот ФБ профил професорот Бранко Бизоев.
Имено, во категоријата на јуниори, ученичките Елена Тасевска и Сара Андонова освоија златни медали, при што, Елена Тасевска беше прогласена и за севкупен победник на манифестацијата “Black sea fish festival” стекнувајки се со титулата The best junior shef. Изразуваме голема благодарност до менаџментот да хотел Фламинго кои помогнаа да се реализира целокупната програма во проектот од подготовка до реализација. Со ваквиот начин на соработка, училиштето покажува дека учењето преку заедница и учењето преку проекти и работа, им помага на учениците да се здобијат со вештини пред да се вработат.
Самодовербата, компетентноста и разбирањето за другите се некои од личните придобивки што ги стекнуваат учениците со учење преку соработка со заедницата. Сореботката со хотел Фламинго во овој случај го докажа тоа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *