ГЕВГЕЛИСКИТЕ КУЛТУРНИ РАБОТНИЦИ ДОБИЈА МАЛ ДЕЛ ОД КОЛАЧОТ НАРЕЧЕН КОНКУРС ЗА ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2022 ГОДИНА

Најмногу буџетски средства од годишната програма се издвоени за музичка дејност, по што следуваат издавачката и драмската дејност. „Дадена ѝ е предност на домашната ’жива култура‘. Запазени се и другите приоритети – поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби“, велат од Министерството за култура.
 
Инаку, на овогодинешниот Конкурс, НУ Музеј Гевгелија доби средства за два проекта, Ископување кај Милци и Истражување на Брданов камен, додека финансиски срества добија за Музејска евиденција, Адаптирање на простории за канцеларии и Тековно уредување на локалитетот Вардарски рид.
Преку НУ Музеј Гевгелија, средства доби уметникот Вангел Срнаков за визуелната поставка Таму преку…
 
ЈОУ „Дом на култура Македонија “ ќе добие средства за реализација на проектот Гевгелија и гевгелиско низ филм додека ЈОУ „Пионерски дом“ за организирање на „Фолклорен гердан“.
Градскиот мешам хор Гортинија оваа година ќе добие финансиска поддршка за проектот „ROCK AND CHOIR“.
Од Културно уметничките друштва, КУД „Бојмија“ ќе биде помогната со срества за организирање на два настана, Русалиски игри и Годишен концерт, додека пак КУД Танец“ од Миравци средства ќе добие за организирање прослава по повод 90 години од своето постоење.
 
АРТ ЕКВИЛИБРИУМ и оваа година ќе може да го организираат традиционалниот фестивал „БОШ“, додека од поединците Ирена Пејовиќ добива средства за организирање Изложба, Стефан Марковски ќе добие средства за поемата „Алгоритмео“, а брачната музичка двојка Гелебешеви ќе добијат финансиски средства за организирање на три настани

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *