ГЕВГЕЛИЈА ДИШЕШЕ ВО РИТАМОТ НА ПОЕЗИЈАТА НА КАТЕРИНА ГОГОВА НА ПРОМОЦИЈАТА НА НЕЈЗИНАТА НОВА КНИГА „СОНЦЕСТОЈ“

Сношти, Гевгелија дишеше во ритамот на поезијата на младата поетеса Катерина Гогова. Пред љубителите на убавиот пишан збор, на платото пред библиотеката „Гоце Делчев“, најновата поетска книга на Гогова „Сонцестој“ ја промовираше писателката Ирена Јурчева.
 
Таа топло ја препорача оваа, како што рече „бисер“ книга во која се препознава сиот сензибилитетот на поезијата на Гогова, која е нежна, медитативна,и во исконски склад со природата.
 
Особено ми е драго што „Сонцестој“ се промовира во најсончевиот град, Гевгелија, рече авторот Катерина Гогова. 
 
Книгата содржи над педесет песни, поделени во два циклуса. „Темницата стои на другата страна: најдолгата ноќ“ и „Најдолгиот ден: копнеж за пол-ноќно сонце“.„Сонцестој“ е воздух, небо на кое сонцето изгрева и заоѓа. Моите стихови се во склад со природата, промената на годишните времиња и природните елементи.
 
Промоцијата на „Сонцестој“ на Гогова беше збогатена со музички дел во изведба на Теда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *