ГЕВГЕЛИЧАНИ СО НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК И НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Многумина граѓани на Општина Гевгелија синоќа решија Новата година да ја дочекаат на Градскиот плоштад.
 
И покрај студеникавото време, срцата на присутните беа затоплени со музичката програма на DJ Milan, Христијан Митровски, Крџев со бенд, Филип Хаџикојчев со бенд, Оливера Станковска и „Лајв бенд“.
 
Дополнителен придонес за пријатната новогодишната атмосфера имаше и специјалниот огномет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *