ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Општина Гевгелија и оваа година се придружи на националната еко акција, „Генералка викенд“. Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ членови на фондацијата „Аполонија, на спортски клубови, невладини организации, вработени во ЈПКД „Комуналец и во општинската администрација, како и граѓани, вчера, сабота, 18 мај, спроведоа активно чистење на територијата на Гевгелија.
Се чистеа јавни површини во близина на Негорските Бањи, покрај крајбрежјето на Сува Река, како и во сите градски паркови низ Гевгелија.
 
Акцијата беше во организација на „Мен енд маунтен“, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Акцијата за чистење е една од активностите што се спроведуваат за да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно влијание врз зачувувањето на животната средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *