ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН 974 ЗА СВЕТСКОТО ВО КАТАР Е НАПРАВЕН ОД БРОДСКИ КОНТЕЈНЕРИ

Шарени контејнери за транспорт на стока, заедно со модуларната конструкција, го сочинуваат стадионот 974, изграден во Катар во пресрет на Светското првенство во 2022 година. Дизајниран е од шпанското студио „Fenwick Iribarren Architects“.На овој стадион ќе се одиграат седум натпревари од Светското првенство. Стадионот 974 го добил името по бројот на користени контејнери, што е и меѓународен код на земјата.
Порано познат како Рас Абу Абуд, Стадионот 974 е спортски центар со 40.000 седишта во близина на пристаништето Доха и е првиот стадион во историјата на шампионатите на ФИФА кој е дизајниран така што може целосно да се демонтира.
Неговата модуларна структура комбинира пренаменети транспортни контејнери и челична конструкција, како и делови кои се рециклираат.
Целта е стадионот да се демонтира и повторно да се состави на нова локација по завршувањето на првенството или да се пренамени за низа помали настани.
Овој тип на дизајн ги намали трошоците и времето за изградба, како и потрошувачката на материјали. Потрошувачката на вода ќе биде за 40 отсто помала отколку на конвенционалните стадиони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *